Љубителите на автомобилите отсекогаш се делеле на две групи: оние кои повеќе ги сакаат старите и ретро автомобили, наспроти оние што секогаш се заинтересирани за најновите и ултрамодерни модели. Ако се’ уште не знаете во која група припаѓате, ќе се обидеме да ви помогнеме околу конечната одлука. Вечната дилема на сите љубители на автомобилизмот е изборот помеѓу класични олдтајмери или футуристички, елегантни и првенствено луксузни автомобили. Притоа, се поставува едно прилично незгодно прашање: кои од овие два типа се подобри, позначајни и поотмени? До одговорот е многу тешко да се дојде. Старите автомобили се дел од историјата и засекогаш ќе бидат и останат нечии миленици, а може да им се препише и дел од заслугата за постоењето на новите модели. Модерните автомобили, пак, секогаш се во тек со технологијата и сигурно итаат кон иднината, нудејќи поудобно и побезбедно возење. Победникот помеѓу првата или втората група зависи исклучиво од личниот вкус на поединецот. За таа намена, ви нудиме споредба на старите и новите модели на најпознатите автомобилски брендови – како изгледале некогаш во минатото, а како денес. Уживајте во нашата галерија на фотографии и донесете ја конечната одлука за вашиот омилен тип на автомобил.
Aвтомобили: Некогаш и сега
Носталгично патување низ историјата на популарните автомобилски брендови.