Bek Sheppard е декоратор кој умешно владее во внатрешниот дизајн на речиси сите соби од домот. Овој талентиран дизајнер е специјализиран за избор на постелнина и украсување на ентериерот, а соработува со водечките текстилни брендови во Австралија. За највредно нешто во својата работа го смета уредувањето на спалните соби, за кои нуди посебна визија и различни комбинации на бои: од нежни и пастелни тонови до длабоко заситени нијанси. Во продолжение, ви претставуваме избор на неколку негови решенија за спалната соба, наменети за сите возрасти и сечиј вкус. Станува збор за стилски, колоритни и креативни катчиња за одмор и релаксација, каде боите и дезените го имаат главниот збор. Палетата е актуелна, модерна и во чекор со светските трендови, а сепак хармонична и добро усогласена, па кој и да биде вашиот избор нема да погрешите. Уживајте во инспирацијата и не плашете се да експериментирате. Добредојдовте во светот на прекрасните бои!