Bridget Beth Collins е љубителка на природата, сликарка, писателка и ботаничка уметница, чии креации се маестрална игра со цвеќињата. Живее и создава во Сиетл, а своите дела ги претставува под псевдонимот Flora Borager на нејзиниот профил на Инстаграм, каде секојдневно ги споделува деликатните цветни композиции. Уметницата го обожува спојот на природата и убавината, а делата кои ги создава се креативни изработки од цвеќиња, ливчиња, семки и ситни плодови. Имагинацијата на авторката нема граници, па меѓу нив може да се сретнат различни видови на птици и животни, оживување на сцени од бајките, но и портрети на холивудските икони, како оној на Одри Хепберн. Прекрасно, зар не?