Денес ви претставуваме како да си направите шик, пролетна фризура со плетенка, одлична и за преку ден, и за вечерно излегување. Плетенките се секогаш во тренд, а ваквата фризура ќе му даде женствена нота на секој изглед. Условот е да знаете да правите плетенка- „рибина коска”, а потребни ќе ви бидат лак за коса за волумен, ластиче и мали шноли.
- Дајте ѝ текстура и волумен на косата со тоа што ќе ја испрскате со лак, а воедно и ќе ги измазните сите мали праменчиња што штрчат.
- Почнете да плетете плетенка- „рибина коска”, од делот над вратот, па надолу. Откако ќе ја направите плетенката, зацврстете ја со ластиче.
- Крајот на плетенката завиткајте го навнатре, зад вратот.
- Зацврстете со мали шноли.
Супер фризура во само неколку чекори!