Торбички кои личат на тетрапак, рамни платформи со звездички, металик сандали со крзнени машнички и торбички кои комуницираат со вас…..Модниот караван на модните недели низ улиците на светските метрополи, ни овозможи да ги видиме аксесоарите кои напросто *врискаат*, кои секако, нема да ги заборавиме.
Силните бои се доминантни, како и текстурите. Трендсетерките се научени дека “statement aksesoar”, освежува и му дава финиш на секоја комбинација. Тоа значи дека го избираат најефектниот моден детаљ,па само така на улиците на Njujork, London, Milan и Pariz ги видовме најинтересните клач чанти,рамните платформи, шарпи, шешири и наочари.









