Пролетта е идеално време да внесете свежина во спалната соба, прегрнувајќи ги убавите мотиви на сончевата сезона како инспирација за ново руво на зоната за одмор и релаксација. Доколку сте во потрага по креативни идеи за таа намена, ви нудиме три прекрасни предлози од стилистката Dafne Vijande, која една иста спална соба ја има преуредено со три различни теми од природата. Изборот на постелнина и декорации комплетно го трансформира неутралниот простор, пресликувајќи три живописни сцени во амбиентот: кантри идила, плажа и градски шик. Аромата на Тоскана, боите на Атлантикот или шармот на Париз – кој пејзаж е вашиот избор?
Спална соба 1
Витална и со кантри вкус, првата тема е инспирирана од рустичната идила на италијанската провинција. Аромата на Тоскана е oживеана во црвена и маслинесто зелена боја, во комбинација со употребата на природни материјали и многу цветни мотиви.
Спална соба 2
Втората тема е во морски стил, внесувајќи ги тоновите на плажата и океанското синило во амбиентот. Сино-белите текстили одлично прилегаат со песокливите нијанси на перниците, пресликувајќи ја свежината и духот на Атлантикот во спалната соба.
Спална соба 3
Париз е секогаш добра идеја, а третата тема го користи неговиот старински шарм како инспирација. Спалната соба има винтиџ и романтичен призвук, применувајќи ги нежните розови, беж, бели и сребрени нијанси за постигнување на уникатниот париски стил.