Ви претставуваме едноставен, но елегантно и убаво среден дом за чиј концепт и уредување е заслужна неговата сопственичка – дизајнерката Tatiana Nicol. Се наоѓа во центарот на Париз, а дизајнот е интересна мешавина на современите и класичните детали, што резултирало во станбен простор полн со индивидуалност. И покрај скромната површина од вкупно 50 метри квадратни, ентериерот делува пространо и функционално. Уште на самиот влез е јасно дека станува збор за личност со истенчен вкус и одлични предиспозиции за планирање на просторот. Отворениот дневен престој и трпезаријата се опкружени со бели ѕидови и таван со истакнати дрвени греди бојадисани во бело, што е паметен трик за визуелно зголемување на домот. Иако станот е уреден и осмислен за живот на една особа, тој е совршено место и за дружење со пријателите. Зоната за опуштање и релаксација се состои од удобен кауч, проѕирна масичка и впечатливо бело столче. Орманот е изработен по мерка, а се протега долж целата соба, издвојувајќи ја дневната зона од спалната, што е видливо и од салонот. Додека во остатокот од станот владеат белите тонови, орманот и спалната соба се шарени и живи. Сепак, вистинскиот успех кај овој ентериер лежи во неговата елеганција која е речиси предвидлива, но потполно едноставна и умерена. Уживајте во разгледувањето и споделете ја омилената идеја од животниот стил на париски начин.