Нема кој не ја слушнал најновата заразна нумера на Бруно Марс, “Uptown Funk”. Деновиве се појавија многу видеа на кои дури и познати личности како Елен Деџенерис и Мишел Обама танцуваат на оваа песна. Видеото погоре е едно од пооригиналните. Во него, Карсон Дин, професионален танчер и кореограф танцува на “Uptown Funk” и тоа на лента за трчање! Погледнете ги неговите неверојатни движења.