Уметност
Воопшто не е тајна дека голем број на дизајнери, инспирацијата за своите колекции ја црпат од уметноста. Богата, повеќесллојна и сестрана каква што е, уметноста е одличен извор за инспирација од оригинални идеи.
Најчесто се користи како инспирација за креирање на фустани, а резултатите се навистина уметнички дела. Mary Katrantzou, Christopher Kane, се само некои од дизајнерите, кои успеле да не воодушеват со својата интерпретација на уметноста.
Широки панталони
Еден од најоригиналните трендови за следната сезона се пантолоните со широки ногавици, со должина под колената. Спектакуларно и интересно решение, широките панталони кои можеме да ги носиме секој ден и во разни прилики. Tom Ford, Preen by Thornton Bregazzi, Jil Sander, Marni, Sportmax и Armani се само некои од модните куќи кои го претставија овој тенд на интересен начин.
Реси
Ресите се еден од оние трендови кои се гледаат скоро секоја сезона кај различни дизајнери, никогаш не излегуваат од мода, но секогаш се интерпретираат на понаков начин, зависи од тоа кој ги претставува. Оваа сезона интригантните реси ни доаѓаат со полно иновации и креативни стилски решенија. Модните куќи како што се Marco de Vincenzo, Angelo Marani, Fendi i Blugirl, покажаа некои многу интерсени комбинации со реси во прв план.
Спортски шик
Adeam, Alexander Wang и Milly, пролетната сезона ја отворија со еден специфичен тренд, комбинирајќи класичен и спортски изглед со интерсни бои и форми, креирајќи така свежи и привлечни комбинации.
Спортскиот шик е секогаш тука, меѓутоа во последно време стана еден од поважните трендови со посебен стајлинг. Kenzo, Viktor & Rolf, Paco Rabanne, Fay, Amanda Wakeley, Pringle of Scotland, Jean-Pierre Braganza се само некои од модните куќи, кои го презентираа спортскиот шик како еден од главните трендови за следната сезона.