Kристијан Диор е моден креатор кој ја воведе уметноста во светот на модата. Денес, 50 години по смртта на познатиот француски мајстор, креациите со етикетата на Кристијан Диор, продолжија да бидат еден од најбараните и најпознати брендови низ светот, без разлика на големиот број на конкурентски гигантски модни куќи како Барбери, Прада, Шанел, Гучи и други.


Во новата колекција на модната куќа Диор, се забележува минималистичкиот стил. Посебно внимание привлекоа белите падобрански здолништа со мали цветни шари, расфрлани по целата должина. Може да се видат и фустани со ролки и долги ракави, како и долги кожни мантили со ремени кои се носат над бели пантолони.


Од боите освен, белата и црната, присутни се и силните бои, како портокаловата и црвената, потоа нежно сината и розе бојата.