Сме слушнале дека Италијанците се меѓу ретките кои знаат да живеат. Избувливи, безнадежни романтичари и ја внесуваат својата душа во се она што сакаат да го прават. Еден несекојдневен пример е Luciano Pia, архитект и занесник во природата.
Специфичен проект се со цел да се врати зеленилото барем во дел од урбаниот италијански град, Торино. Апартмански комплекс кој наликува на џиновска куќа на дрва. Се е добро осмислено. Терасите се намерно направени асиметрично, се со цел да не го попречуваат растот на дрвата. Во дворовите има мали базени кои се совршени за освежителна релаксација за време на летните денови, заштитени од градското загадување.
Бројот на дрвата изнесува точно 150, што го прави воздухот чист, не само за жителите на комплексот, туку и за целиот град.
Апартманскиот комплекс е завршен во 2012, а се наоѓа на следната адреса: „Via Chabrera 25“ во Торино. Можете на Google maps да го погледнете тука.