Типично како и секоја година штандот на Ферари и оваа година беше најпосетен во Женева. Изненадени?
Па, баш и не.
Ферари повторно се надмина себе си, овој пат со својата ѕвезда „488 GTB“. Кај овој модел е карактеристичнa софистицираната динамичка контрола на возилото, која го олеснува искористувањето на целата сила од моторот. Менувачот е седум-степен.
Кога сме кај дизајнот, може да се каже дека имаме типичен Ферари. Ултра-модерен дизајн кој го одзема здивот, со благи контури, како и впечатливата црвена боја.