Emerico Imre Toth е унгарски сликар кој ја љуби и гледа убавината во сите нешта – природата, жените, очите, хармонијата на човечкото тело, животните и дивиот свет. Особена инспирација за уметникот се силните, независни и атрактивни дами, прикажувајќи ги во серијата прекрасни слики каде доминантна е црвената боја – симбол за страстa и енергичностa. Во продолжение ви претставуваме селекција од негови избрани дела. Погледнете како изгледаат дамите во црвено, видени низ ликовната призма на Emerico Imre Toth.