Луѓето ширум светот создаваат неверојатни фотографии и видеа со нивните iPhone телефони, овековечувајќи ја убавината на секојдневието, но и миговите кои го одземаат здивот. Од компанијата Аpple ги одбраа своите фаворити, изложувајќи ја галеријата светски фотографии со најубави кадри, а направени со моделот iPhone 6. Покрај внимателно направената селекција, понудени се и совети и трикови за сите почетници, но и професионални фотографи, откривајќи ги можностите кои ги нуди најпопуларната камера во светот. Во продолжение, погледнете дел од фотографиите и инспирирајте се!