Хармонијата на природата и топлата атмосфера се спојот кој како ретко каде восхитува во оваа идилична куќа покрај езеро. Со традиционалната градба и камената фасада комплетно се вклопува со околните пејзажи, што и било цел на архитектите, кои при конструкцијата користеле локален камен. Интересна е и идејата зад нејзината архитектура – основниот концепт за заснива на дом каков би нацртало дете, а изведбата претставува современа интерпретација на руралните планински куќи. Сепак, вистинското изненадување го открива стилски дизајнираниот ентериер, кој е отворен и топол, со мноштво дрвени допири, рустични детали, но и удобни парчиња мебел. Големите прозорци комплетно ја поврзуваат со надворешноста, доближувајќи ја до сликовитите видици на езерото. Сончевата светлина непречено продира во внатрешноста, давајќи и воздушесто и комфорно чувство на оваа лежерна оаза. За уживање под ведро небо, позиционирана е пространа тераса која гарантира безброј задоволства и одмор на чист воздух. Куќата е идејно решение на тимот од студиото ,,De La Carrera Cavanzo”, а се наоѓа во прекрасните планински предели на Колумбија. Совршена викенд инспирација, зар не?
Куќа покрај езеро
Рустичен амбиент и спектакуларни пејзажи.