Зад облакот од чад или на работ од езерото, фотографката Felicia Simion создава деликатна и сонлива атмосфера, каде природата, светлината и човечките силуети се убаво нагласени. Уметницата избира различни пејзажи и сцени за нејзините дела, задржувајќи го притоа прекрасниот и надреален ефект на фотографиите. Во продолжение, погледнете ја галеријата со избрани фотографски композиции и за миг зачекорете на линијата помеѓу сонот и јавето.