Вистинскиот дух и идила на швајцарските Алпи може најубаво да се искуси и доживее во некоја од реновираните стари фарми, како што е прекрасната вила ,,Lottie” во туристичкото село Гштад. За време на неодамнешната обнова на внатрешноста на куќата, на нејзината реставрација работел квалитетен тим од современи дизајнери, создавајќи многу удобен ентериер кој е навистина безвременски. Автентичната градба од 1867 година е трансформирана во импресивна алпска резиденција за туристите, а повеќето од оригиналните елементи се задржани и во новиот дизајн. Старите дрвени греди и архитектурата и натаму сведочат за нејзиното богато минато, овозможувајќи им на гостите максимално задоволство и опуштање, со возвишени глетки на планинските пејзажи. Раскошните ткаенини, модерниот мебел, спојот на скулптури и уметност во комбинација со архаичното дрво, природен камен и традиционални карактерстики создаваат комфорен и шик амбиент за престој, каков не може да се сретне на ниедно друго место. Уживајте во глетките!
Чудесна алпска вила
Планинска оаза за одмор и релаксација.