Како што се зголемува пазарот на електрични автомобили, помалите производители успеваат да предложат свои оригинални решенија за раст на нивните компании, а овие денови имаме прилика да го видиме белгискиот “E-car 333” електричен автомобил со три тркала кој во продажба би можел да се појави наредната година.
“E-car 333” со три тркала, е со максимално возно растојание од 300 километри со едно полнење и кој достигнува брзина од 139 километри.
Овој необичен автомобил кој допрва треба да биде одобрен за производство, ќе чини од 18.000 до 39.000 евра зависно од пакетот на опремата.
“E-car 333” ќе има повеќе верзии: карго, бафи, роудстер, купе, пик-ап, а ке може да превезе максимлано 4 возрасни личности.
За полнење на батериите, ќе биде потребно само еден час, а креативното трио кои го сочинуваат Хавиер Ван дер Степс, Михаил Верјлејен и Ерик Плумакер, се надеваат дека годишната продажба на овој мал автомобил ќе се движи од 150-200 автомобили годишно.
Погледнете го концептот кој предизвика многу воодешевувања во авто светот.