Деликатната колекција на брендот Preen за есен-зима 2015 година, е нежна и полна со романтика, која не остави без здив. Фустани од шифон, од сино каро со апликација на сини цветови, во слободен дух, со кратки ролки до вратот, многу асиметрија, ракави непорабени со прекрасна бујна цветна апликација.
Пачворк капутите се во повеќе бои, а еднобојните со високи црни капи на врзување. Микс на повеќе материјали на еден модел и сето тоа изгледа прекрасно. Пантолоните се пeрфектно комотни со крикет џемперчиња. Сосема ново, свежо во бои со прекрасна конструкција во кројот. Погледенте ги моделите на Preen за есен-зима 2015 преставени на модната недела во Лондон!
Овој цветен фустан со црна база и сините цветови со портокалови ливчиња, целиот рачно изработен по се изгледа ќе биде најпопуларен кај дамите кои го сакаат Прин.