Концептот на автомобилите од видео играта Gran Turismo, стана вистинска страст за љубителите на автомобилизмот, посебно кога изгледаат како новата Alpine “Vision GT”.Спортскиот роднина на Рено, Alpine го представи футуристичкиот V8 тркачки “Vision GT” концепт, а неговиот несекојдневен дизајн на моменти ги открива познатите линии на LMP2″ тркачкиот моделот.
Прво на што ни застанува погледот е новата позиција на возачот, пред се наменета за кружни патеки како француската Ле ман, но и на аеродинамичниот заден дел. Секако, тука се бандашите, кои представуваат уметничко дело сами за себе. Меѓутоа, најинтерсно изгледа дисплеј инструментот зад воланот, како и страничните воздушни кочници на извлекување на кои исти така се наоѓаат стоп светлата.
Под хаубата на ова инженерско чудо се навоѓа 4.5-литарски V8 мотор со 450КС кој по пат на секвенцијален седмостепен менувач ги ангажира задните тркала.Максималната брзина е 320км на час додека пак тежината на овој тркач изнесува само 900 кг.
Овој виртуелен убавец постои и во вистинска големина, а моментално е изложен во Париз, пред да го завземе подиумот на Ретромобиле, изложба каде Alpine го слави 60 тиот роденден