Од секогаш инспиративните примери на скандинавскиот внатрешен дизајн, издвојуваме еден особено привлечен и елегантен дом кој воодушевува со својот изглед. Станува збор за трособен станбен простор со површина од 97 метри квадратни, каде белата боја и препознатливите белези на нордискиот стил се во полн сјај. Примената на белата боја му дава светол и чист призвук на амбиентот, додека изборот на скапи материјали и префинети парчиња мебел внесува елеганција и софистицираност во секоја просторија. Во ентериерот се суптилно внесени и неутралните нијанси на беж и сиво, облагородувајќи го просторот со топлина, нежност и пријатно чувство, во контраст со драматичните црни акценти. Декорот комплетно ја следи префинетата нота на дизајнот, па деталите се минималистички, но ефектни и со вкус. Светлината непречено циркулира низ станот, а дневниот престој, кујната и трпезаријата комуницираат во една отворена целина, формирајќи комфорна зона за социјализација. Спалната соба и бањата се во ист тон како и остатокот од станот, луксузно придржувајќи ја и интимната зона до целата тематика. Во продолжение, погледнете како изгледа овој стилски дом и одберете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.