Мароко се наоѓа во Северна Африка, и е една од само трите земји чиј брег се протега долж Атлантикот и Медитеранот. Поради тоа, Мароко често е предмет на бујна и романтична фантазија, а во колоритната ризница на земјата се вкрстуваат различни етно влијанија. Величенствениот хотел ,,Royal Mansour’’ комплетно ја одразува оваа разноликост, црпејќи инспирација од богатата културна традиција и историја.
Се наоѓа во мароканскиот град Маракеш, а ги дочекува своите гости во магичен амбиент, со ориентален ентериер полн со сложени резби, заоблени влезови и меки шарени ткаенини. Орнаменталните лакови, куполи, дворови и украсни мозаици се само дел од деталите со кои восхитува архитектурата на оваа елегантна и луксузна оаза. Некои тајни вреди да се шепнат – уживајте во глетките!