Светлите и природни материјали се лајтмотивот на новата колекција за уредување на домот, која во пресрет на сезоната пролет/лето ’15 ја понуди познатиот шведски бренд H&M. Посебната линија продукти и аксесоари за домот е тренди и шик, комбинирајќи ги геометриските и тропски принтови во живи бои со едноставниот скандинавски дизајн и боемскиот дух на природата. Сензибилитетот на новото урбано живеење, модерниот медитерански дух и чистите геометриски дезени и даваат уникатна нота на палетата прозводи и повеќенаменските парчиња мебел, кои своја примена можат да најдат во повеќе различни соби од домот. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од најновиот каталог на H&M и одберете ја омилената инспирација за освежување на животниот простор во екот на пролетта.