Cărtureşti Carusel или „Светлосна вртелешка”, е мошне значајно здание од 19-от век претворено во прекрасен и модерен архитектонски бисер. Се наоѓа во срцето на Букурешт, Романија, на една долга и живописна уличка полна со кафетерии, пабови и продавници за облека. Книжарницата има 6 катови со повеќе од 10 000 книги и 5000 албуми. На најгорниот кат има бистро, подрумот е простор за мултумедијални проекции, а првиот кат претставува галерија посветена на модерната уметност. Целиот простор е предвиден и за многу културни настани и концерти.