Рускиот фотограф, Владимир Трунов, докажа дека и вервериците знаат добро да се покажат во активности во кои уживаат луѓето. Преку мал трик, со оставање храна за гладните верверици, Трунов ја фотографираше нивната игра со апаратот за сликање, позите со малиот снешко и одбојката со мини – снежни топки. Убавината на руската природа е незаменлива, но е ненападна на фотографиите. Целиот фокус е на малечките модели кои дефинитивно учевствуваат во една од наслатките фотосесии кои се некогаш направени.
Уживајте!