Краткото видео насловено “Welcome to Doha” нè носи на спектакуларно патување низ главниот град на Катар, Доха, лоциран на Арапскиот Полуостров. Пустинските терени, гостопримливото население, како и богатиот ноќен живот на Доха ја разгоруваат нашата имагинација и љубопитност за ова место.
Одличниот спој на старото и новото е уште една работа поради која посетата на Доха е уникатно и незаборавно доживување. Авторите на видеото Michael Shainblum и Husaam Maatouk навистина се потрудиле да ни ја доловат културата на ова место со сите свои убавини и особености. Уживајте!