На што Ве асоцира дружба меѓу жаба и голем инсект?
Доколку тоа е лигаво, одвратно и неподносливо, тука сме ние да ја промениме Вашата примарна асоцијација.
Талентираниот фотограф, Hendy Mp, фотографира спектакл кој ретко може да се види, а се сомневаме дека и некогаш бил виден. Жаба од видот на tree frog како јава голем инсект како на родео. Ова е можеби најмалото родео кое некогаш е видено. Но, нивниот однос е покомплексен од што се мисли на прв поглед. Тие не се стопан и милениче, туку тие се пријатели.
Овој вид на жаба има мал слој на тенка кожа меѓу прстите, чија слуз овозможува таа да се прилепи за грбот на инсектот.
Фотографиите се направени недалеку од домот на Hendy, во Sambas, Индонезија.