Ова се тренд здолништата кои се хит за оваа година од најдобрите дизајнери.
Благодарејќи на различноста на овие стилови, можете да го направите својот идеален изглед за дневна или вечерна варијанта. Било како овие иновативни дизајни се наменети за љубителите на мода кои знаат како да ја комбинираат нивната облека.Одберете креативно, супер блескаво и прекрасно парче.
Анализирајќи го како базичен изглед, како да се облечеме за 2015, го најдовме овој прекрасен дизајн, здолниште од змијска кожа. Како што можете да видите, силуетата е во таканаречен молив крој, со висок струк, должина до средина на колената и со кожен ремен. Се комбинира со светло сина кошула и убаво кроен тегет блејзер. Чевлите се со високи топуци, со мал отвор на прстите.
Втората верзија е црно кожно миди здолниште кое изгледа идеално во комбинација со принт на калеидоскоп и отворени високи топуци.
Следниот предлог е светло сиво здолниште,кое се комбинира со релаксиран полувер.Трендот на носење долго здолниште е класичен тренд.Сега,тие се достапни во различни стилови на пазарот
Чувствувајте се лежерно и спортски со оваа комбинација, кожно кратко здолниште со еластично собирање околу струкот и црно бела кошула со интересен дизајн.
Асиметричен крој.Оваа година на голема врата се врати овој тренд на здолништа,го видовме на сите модни ревии.И ние го сакаме спортскиот начин, на кој се прикажани пократката и подолгата страна.Здолништето е во зелена боја,комбинирано со ладна бела блуза и печатени букви.
Еве една дневна, едноставна, шик и модерна комбинација, во светло сива боја со еспадрили во иста боја.
Следниов предлог е спортскиот допир на атлетски беж џакет и здолниште во иста боја.
Ако сакате да играте со асиметријата,обидете се со оваа лесна, бризи силуета,која паѓа под колената,која изгледа прикладно и елеганто во секоја ситуација
Погледнете уште едног предлог со плетено здолниште ,креација на Дерек Лам
Тексасот е еден од материјалите кој е тренд за оваа година .Јакната е без јака а здолништето звонесто и сандали со високи топуци.