Ќе се сложите дека фризурата е една од најважните компоненти од целокупниот изглед и стил на еден маж, па веројатно затоа и треба да се обрне повеќе внимание на тоа како ќе се носи косата во одреден период. Ако сте се мислеле да ја смените фризурата, но не сте сигурни како, ние ви ги претставуваме најновите трендови на фризури за мажи. Од класична кратка машка фризура, па сè до подолга, виткана или права, овие неколку идеи нека ви дадат инспирација да внесете нешто поразлично во начинот на кој ја средувате косата.