Минатата недела во ЊуЈорк, беше представена новата колекција на Ред Валентино. Дизајнерите Pierpaоlo Piciolli и Maria Gracia Chiuri, инспирацијата за новата колекција за млади ја најдоа во 60тите години од минатиот век. Мир и љубов, налепници се појавуваат на војничките џакети и пантолони. Цветните дезени на шорцевите и лелеавите фустани како и поп арт геометрија и мотиви, насекаде. Шифон, органца и тантела. Преовладува разубавувена А линија на здолништата, убаво занаетски изработени фустани. Пачворк на кожа, карго џакети и пантолони, навезени со срца и цветови. Мултиколорни рачно плетени џемпери и здолништа со тул. Краки црни фустани со таласести линии и многу металени копчи,носејќи го бунтовничкиот изглед назад. Допир на ‚60 тите во изгледот на фустаните и 40 тите на врвот на рамото. Или како што самата ја дизајнерката Марија Грација ја нарече новата колекција..”Повеќеслојни спомени”