Откако минаа 10 години од премиерата на првиот македонски интерактивен роман чија полифонична структура јасно говори за нејзиниот модерен карактер, кој освен читателската публика, така и Кундера го класифицираше како „роман на третата епоха“ – „Вештица“ на Венко Андоновски добива свој француски превод и носи наслов „Sorciere“.
Милан Кундера е автор на предговорот на француското издание на оваа извонредна книга, која со помош на издавачката куќа Кантокен, веќе е достапна во книжарниците во Франција и Белгија. А покрај нив, исто така е достапна и на Амазон.
Единствениот коментар кој може да се додаде на оваа вонсериска вест и уште едно големо достигнување во творештвото на Андоновски е фактот што досегашните обожаватели на „Вештица“ единствено може да позавидат на идните обожаватели кои ја имаат можноста првпат да се сретнат, соочаат и воодушеват на самата уникатна и универзална природа на овој роман.