Лондонската улична мода потврдува, дека секој на себе си си е најдобар стилист. Во Лондон, никој не им робува на трендовите, за разлика од Париз, по чии улици веднаш ќе забележите разни новитети,а на улиците на британската престолнина добро применети модни детали.Се останато е стил.Лондон е град, каде што е дозволено да се облечете како што срце ќе ви посака.И никој позади вас, нема да се сврти.Можеби некој модно неосвестен турист,но и туристите знаат каде доваѓаат,така да и тие брзо влегуваат во фазонот,па ретко ќе видете типични туристи со руксак на грбот.
Лондон е една голема модна писта на која шетаат луѓе кои најчесто си се самите на себе дизајнери,или стилисти,но секако со голема инвентивност,луѓе со широки модни видици.
Никој не им робува на модните трендови и за разлика од Париз. Доле трендови-да живее стилот!
И секако Англичаните верни на традицијата во се ,па така и во модата немаат намера да се одречат. Да не ви се верува со колкав шарм ги носат младите момчиња машките класични одела.Некој ќе си поигра со голема торба,интересни очила,капа или шешир,но од добро,квалитетно одело нема да се одрекне.Ако сте во центар во пословниот дел,сите мажи се во црно или сиво одело со добри шпиц чевли.Жените воглавно се облечени во многу женествени фустани,со убави во боја салонки,многу често без чорапи.Тоа е така бидејќи сите тие доваѓаат од училишта каде што униформата им била секојдневие.
А на улиците на легендарниот Камден,можете да видите се. Жени облечени како мажи и обратно, за тие што не знаете од кој пол се,полуголи или со капути до доле и со големи шешири.Дури можеби и ке помислите дека се дел од некој перформанс или театарска представа или пак само се излезени на кафе.
А за пирсингот и тетоважите, воопшто нема смисол да дискутираме.Воглавно,жителите на Лондон уживаат во нивните комбинации и знаат што сакаат.Комбинираат невозможни бои,свилен фустан со кожна јакна,различни стилови,разни цветни комбинации,дебели чорапи со сандали,ефтини детали со брендирана облека и обратно….а изгледаат добро или уште подобро-модно ослободени.