Просторот од 60 метри квадратни делува значително поголем и воздушест во овој винтиџ дом, благодарение на добриот распоред и дизајнерските решенија кои го исползуваат секој аспект од скромната површина на ентериерот. Станува збор за романтичен и женствено стилизиран станбен простор, каде розовата боја и кокетните шеби-шик детали внесуваат посебна атмосфера во секоја просторија. Поделен е на две зони – друштвена и интимна, при што во првата умешно се вклопени: дневниот престој, кујната, трпезаријата и ходникот, заедно со орманот за складирање кој е вешто интегриран во целината. Во другата зона, пак, поврзани се спалната соба со гардеробер и бања, со отворен концепт кој овозможува сончевата светлина непречено да циркулира. Станот поседува и катче за работа, искористувајќи го просторот крај прозорецот за функционална мини канцеларија, како и маркантна библиотека поставена во рамки на салонот. Деталите се оние кои му даваат романтичен призвук на ентериерот, а се сочинети од цветни декорации, фини ткаенини со нежни дезени, принтови со пеперутки и кристални елементи. Секое катче има своја намена и карактеристична дамска нота во себе, со розовата елегантна нитка која се провлекува низ секоја соба, во тандем со белата и неутралните тонови. Полн со природна светлина и неодоливи розози допири, овој мини стан е вистинско женско царство – инспирирајте се!