Дали имате идеја како може да се направи комбинација од наградна игра и книги? За светот на библиофилите, оваа вест ќе биде прифатена со радо срце затоа што тие не се потпираат на тврдењето дека „никогаш доста од добри потпетици“, односно „никогаш доста од видео-игри“ – интересите, колку и да се разликуваат, сепак во поглед на понежниот и посилниот пол би се одлучиле за горенаведените искази. Библиофилите, не ги делиме по род: нив ги сместуваме во една група која се согласува дека книгите се најдобар подарок, најдобра посвета и најдобар пријател на светот. И од нив, никогаш доста. Особено, кога доаѓаат како награда!
Од Издавачки центар ТРИ на изненадувањата никогаш крај – во тек е Зимскиот фестивал на книгата со извонредни попусти и понуди, но покрај тоа, од ТРИ велат…
ГО БАРАМЕ НАЈЧИТАЧОТ!
Се’ што треба да направите е да споделите фотографии со Вашите книги од ТРИ и да влезете во игра за ваучер во вредност од 10.000 денари.
#ЧитамКнигиОдТРИ e хаштагот на кој ги очекуваат фотографиите со Вашите купчиња книги од ТРИ.
Во конктест на тоа, ТРИ порачува: „од 24.01. до 31.01. фотографирај, споделувај и покажи дека ти си најчитачот на ТРИ! Победникот ќе го одредат бројот на книги и бројот на лајкови.
Подготвени?“
Останува да се приклучиме на #ЧитамКнигиОдТРИ… со најдобрата фотографија!