Дали некогаш сте помислиле дека ѕвездите играат улога во тоа каква шминка ви стои, а каква не? Ние ви ги откриваме тајните на хороскопот кои ќе ви кажат какви нијанси треба да користите кога се шминкате, и тоа за секој хороскопски знак посебно.
Овен
На припадничките на овој знак најдобро им прилега црвена боја која означува страст, сила и храброст.
Бои: темноцрвена, црна, бела, златна, портокалова
Како да се нашминкате: Нанесете црвена сенка врз неутрални бои за да го ублажите драматичниот ефект.
Избегнувајте: Светлорозева боја
Бик
На Биковите им стои зелена боја бидејќи воспоставува рамнотежа помеѓу телото и духот и привлекува просперитет.
Бои: Зелена, сина, виолетова, жолта, кафеава
Како да се нашминкате: Нанесете маслинеста сенка на капакот и на долниот дел на очите, а потоа размачкајте за да постигнете “smokey” изглед.
Избегнувајте: Црвена боја
Близнаци
Вистинска боја за овој знак е жолта бидејќи е полна со светлост и ги подобрува расположението и комуникацијата.
Бои: Светложолта, светлосина, зелена, бела
Како да се нашминкате: Вистински избор е светложолта сенка во комбинација со црно моливче.
Избегнувајте: Сите нијанси на црвена
Рак
На романтичните Ракови најубаво им стои розева боја, а најдобро е да ја носите во моментите кога ви недостасува љубов.
Бои: Розева, тиркизна, бела, сива, сребрена
Како да се нашминкате: Комбинирајте розева и бела сенка со малку маскара.
Избегнувајте: Црвена боја
Лав
Портокаловата боја ја зголемува силата на Лавиците и ги преплавува со оптимизам и енергија за да ги остварат своите цели.
Бои: Портокалова, златна, црвена, бакарна, кралска сина, бела
Како да се нашминкате: Нанесете портокалова сенка како линија, со моливче на горниот капак.
Избегнувајте: Пастелни нијанси
Девица
Кралска сина е идеална боја за овој знак бидејќи е олицетворение на чистота, убавина и мудрост и поттикнува смиреност.
Бои: Кралска сина, зелена, лаванда, сива, кафеава, жолта
Како да се нашминкате: Пробајте сина маскара и тегет сенка за да постигнете “smokey” изглед за да ви дојдат до израз очите.
Избегнувајте: Сите нијанси на црвена
Вага
За Вагите идеална нијанса е светлосина бидејќи означува љубов, убавина и рамнотежа и инспирира и ве поттикнува на акција.
Бои: Светлосина, розева, виолетова, зелена, шампањ боја
Како да се нашминкате: Комбинирајте светлосина сенка со бела или сребрена и нанесете еден слој под веѓите.
Избегнувајте: Многу светло бои на лицето
Скорпија
Совршено ви прилега бургунди или боја на вишна- боја која означува длабочина и сила и ја зголемува перцепцијата и упорноста.
Бои: Бургунди, црна, темноцрвена, виоелтова, костенлива
Како да се нашминкате: Користете мат сенка во бургунди боја или седефаста за поголем ефект во комбинација со црно моливче.
Стрелец
Сино-зелена е вистинската боја на припадничките на овој знак бидејќи е боја на мудрост, оптимизам и авантуристички дух, како и толеранција и разбирање.
Бои: Сина, зелена, виолетова, бела, црвена
Како да се нашминкате: Темна нијанса на сино-зелена за “smokey eyes” со некоја посветла нијанса за да избегнете премногу драматичен изглед.
Избегнувајте: Светлосина, темносина и темноцрвена
Јарец
Вистинската боја за Јарците е кафеава. Означува одлучност и разумност и помага да се чувствувате стабилно и одговорно.
Бои: Кафеава, темнозелена, беж, маслинеста, црна
Како да се нашминкате: Кафевата боја е неутрална, па можете да ја носите и преку ден и навечер. Навечер зачинете ја со металик зелена нијанса.
Избегнувајте: Жолти нијанси
Водолија
Со Водолиите владее виолетовата боја бидејќи тоа е боја која ги истакнува хуманоста и љубезноста и создава чувство на заедништво.
Бои: Виолетова, тиркизна, впечатлива сина
Како да се нашминкате: Пробајте различни “smokey eyes” со виолетова боја. Ќе изгледате посебно и секси.
Избегнувајте: Основни бои
Риби
Најдобар избор за Рибите е бојата на морето. Оваа боја ќе им помогне да воспостават рамнотежа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет и да ги нагласат нивните квалитети.
Бои: Бојата на морето, аквамарин, зелена, виолетова, црна
Како да се нашминкате: Комбинирајте ја прекрасната зелена боја со црно моливче.
Избегнувајте: Силни нијанси