Досега ви прикажавме многубројни убави примери за скандинавската естетика, но тоа е тема која секогаш одново воодушевува, нудејќи нови и интересни идеи за модерниот внатрешен дизајн кои вреди да ги преиспитате. Ви претставуваме стан чиј ентериер е дело на студиото Talenti Design, а содржи многу елементи кои се препознатливи за нордискиот дизајн, вклучувајќи ги совршената функционалност, природните материјали и креативното користење на боите. Иако ентериерот не е строго минималистички уреден, сепак остава впечаток дека се’ e внимателно смислено, испланирано и поставено на вистинското место. Делот кој е наменет за дневниот престој не е претерано голем, но неговиот отворен распоред и изборот на бои одлично го поврзува со останатите зони на станот. Покрај белата основа, во амбиентот преобладува неутралната палета на тонови, почнувајќи од пругастиот килим, па се’ до класичниот сив кауч. Сепак, со изборот на перници и остатокот декоративни финеси, вметнат е и впечатлив контраст со интензивната портокалова боја, давајќи му разигран и весел дух на просторост. За оваа намена помагаат и неодоливите графики кои го красат ѕидот над каучот, што е свежина во модерниот дизајн. Во просторот на трпезаријата и кујната централно место завземаат црната и белата боја, со стилски столици и два црни бамбусиви лустери. Сончевата светлина која продира од кујната дополнително ја разубавува масата за појадок во затворената просторија. Прошетајте низ собите на овој преубав дом, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор. Доколу сте во потрга по предлози за уредување на умерен, функционален и стан со мера, тогаш црпејќи инспирација од скандинавскиот стил е невозможно да погрешите.