За време на есента и зимата ,на светските модни писти, освен модните трендови за облека, најавени се и тенденциите на убавина за 2015 година. Први ги прифатија познатите личности кои веднаш по манекенките на ревиите, прошетаа по црвениот тепих, нашминкани и стилизирани токму така, како што предлагаа познатите светски шминкери.
Портокаловиот руж за усни. Природна боја (nude) се излезени од мода а силните бои, завалдеаја со модната сцена. Портокаловиот, прва го прифати Ријана ,која одлично и стои со тенот.
Влажен изглед-Духот на 80 тите, се провлече во новата тенденција за 2015 и оживува во овој стајлинг на влажна коса, како штотуку да сте излегле од вода. Косата залижана наназад,зацврстена со гел,многу елегантана и се совпаѓа со свечено одело или фустан.
Синиот ајлајнер или моливче за очи, овој тренд е лансиран летото лани, но, никако не поминува. Очигледно е дека многу им се допадна на познатите личности анајмногу го употребува Lupita Njongo. Бојата треба да биде интензивно сина-тиркизна, електрик, индиго, важно е да е впечатлива.

Трендот на зачадени очи, не излага од мода со тоа што сега бронзената е главната боја. Трендот го прифати и Кара Делевин. Сенката се нанесува и под долниот капак, така да, се има впечаток на поглед кој не можете да го допрете.

Розе руж.но пак во силна боја. Се препорачува нијанса на фуксија, повеќе или помалку интензивна во зависност од тенот. Кира Најтли ја има посветлата нијанса.

Дискретно руменило, за дамите кои сепак сакаат повеќе дискретна шминка како Бар Рафаели. Овој руж им прилега на посветлите тенови. Основата е сјаен, безпрекорен тен, со руменило во нијанси на кајсија која на образите им дава свежина.
Бидете креативни и не заборавајте секогаш да се смеете!