Со површината од само 30 метри квадратни, ретко кој би можел да поверува дека оваа минијатурна куќичка може да понуди комфор и пријатна атмосфера за одмор и релаксација. Сепак, доволно е да погледнете како изгледа во внатрешноста, но и спектакуларните глетки кои ги откриваат прозорците и терасата, за веднаш да го промените мислењето, посакувајќи да сте таму во истиот миг. Се наоѓа на самиот брег на Атлантскиот Океан во Велика Британија, а воодушевува со убавиот дизајн кој во целост ја поврзува со живописната околина. Во романтичниот ентериер доминира белата боја, како и светлите нијанси на сина и зелена. Дневната соба, куната, спалната соба и тремот на влезот завземаат по едно катче, следејќи го едноставниот план и распоред на колибата. Бањата е мала и удобна, па секој може да се опушти во ваков амбиент. Иако е со скромни димензии, изгледа барем двојно поголема, а најзаслужни за ваквиот визуелен ефект се отворените прозорци и сончевата светлина која продира од сите страни, но и ставот – помалку е повеќе, кога е декорот во прашање. Прекрасните видици на песочната плажа, океанското синило и небото кои го одземаат здивот, гарантирајќи престој кој е тешко да се заборави. Залезот на сонцето со романтична вечера на терасата е сосема добра идеја, зар не? Уживајте и инспирирајте се!
Мала колиба со спектакуларен поглед
Куќичка која има се’ што е потребно за незаборавен престој.