Светлиот тен е специфичен за шминкање, па затоа треба да се обрне внимание на тоа какви производи се користат и на каков начин шминката се нанесува на лицето. Доколку се згреши нијансата на пудра, лицето може да изгледа како да сте му ставиле маска. Освен тоа, кога купувате пудра треба да ја испробате на денско светло и тоа на вратот. Важно е да го одредите и подтонот на кожата. Имено, ако вените на рацете ви се сини, имате ладен подтон, а ако ви се зелени имате топол подтон. Сите овие работи се важни при изборот на пудра. Еве уште неколку совети за дамите со светол тен.
Руменило
Изборот на руменило е сличен како изборот на пудра. На ладните тонови најдобро одговараат розови нијанси со син подтон, а на кожа со пеги најдобро одговара руменило во боја на праска која дава доза топлина. Избегнувајте кафеави тонови бидејќи изгледаат неприродно на светлиот тен.
Кармин
Корални и розови нијанси, боја на праска и беж боја се одлични за светла кожа. Ако одберете виолетов или црвен кармин, не претерувајте до другиот дел од шминката. Шминкерите советуваат дека на светлата кожа не ѝ се потребни сенки- доволен е само впечатлив кармин.
Сенка
Топлите месеци допуштаат играње со шминката, но ладните се немилосрдни кон кожата. Избегнувајте црна и сива сенка, а добредојдени се златни, земјени и корални тонови. Тие му даваат топлина на лицето.