Ве водиме во ентериер со површина од 48 метри квадратни, сместен во срцето на англиската престолнина Лондон. Уреден многу модерно и со неутрална палета на бои, овој простор комбинира два навидум неспоиви стила. Деталите како што се гломазната дрвена маса во трпезаријата, но и рамките на вратата, внесуваат доза на рустичен шарм, претставувајќи ја играта со стилови на интересен начин. Модерната бела кујна е изведена во еден елемент, што совршено прилега на малиот станбен простор. Посебна убавина и топлина на целиот амбиент му дава каминот, над кој е поставено големо украсно огледало, со што се овозможува визуелно да се зголеми станот. Спалната соба е вистинска оаза за опуштање, декорирана со по некој индустриски детал во аглите. Во продолжение, погледнете како изгледа овој мини дом со модерен ентериер и суптилни траги од рустичниот стил. Инспирирајте се и одберете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.