Шпанската компанија за дизајн и производство на мебел – Lola Glamour ја осмисли модерната колекција мебел за деца инспирирана од симпатичните лего коцки. На тој начин, визуелно привлечните коцки го добија своето место и во современиот дизајн на мебел. Покрај тоа што мебелот одлично изгледа, децата можат да ги користат познатите форми и за создавање на декоративни елементи по сопствена желба. Без оглед на тоа дали изборот е кревет со функционален простор за складирање затскриен зад лего коцките, или, пак, живо обоените рачки на вратите од плакарот, секој од деловите со својот облик игриво ја поттикнува креативноста на децата. Прекрасна идеја, зар не?