Во низата чисто бели, скромни и минималистички скандинавски ентериери, ова весело уредено поткровје е вистинско освежување. Сопствениците на станот сакале во него да се чувствуваат опуштено и пријатно, па се одлучиле да го декорираат со омилените предмети во јаки бои. Најубав детал се колоритните тапети со цветен дезен, кои се и најзаслужни за ведрата атмосфера. Иако е со релативно скромна површина од 51 метри квадратни, поткровјето изгледа пространо и комфорно, а конципирано е како двособен стан со поврзана зона за социјализација. Кујната, трпезаријата и дневниот престој се интегрирани во една целина со отворен распоред, додека спалната соба и бањата се засебно издвоени простори. Деталите се малку по број, но мошне впечатливи и ефектни, давајќи и интересна и игрива нота на секоја просторија. Ентериер кој освојува на прв поглед – погледнете зошто!