Прејадувањето за време на празниците влијае штетно не само на телото, туку и на кожата на лицето. Чистењето на организмот после богатата празнична трпеза ќе ви ја врати енергијата и ќе направи да се чувствувате подобро и поздраво. Придржувајте се кон овие 5 едноставни трикови кои го забрзуваат метаболизмот и веднаш ќе почувствувате разлика.

1. Во текот на денот пијте околу 1,5 л вода со малку исцеден лимон.
2. Направете хранлива маска за лице од јогурт, банана и една лажичка мед или маслиново масло.
3. Одете на прошетка– 30 минути се доволни за почеток, а ако имате време, шетајте 1 час. Тоа ќе ви помогне да ја намалите надуеноста.
4. Јадете овошје. Потребни ви се витамини, а најдобар избор се мандарини и портокали бидејќи се полни со витамин Ц.
5. Направете 30 скокови и истовремено кревајте ги рацете над главата, со нозете раширени нанадвор. Ваквите скокови се одлични за циркулацијата.