Иако оваа објава во својата суштина нема намера да Ви ја препорача серијата „House of cards“, имено поради нејзиниот политички карактер; сепак, во голема мера е поврзана со името на Franck Bohbot. Овој фотограф со потекло од Франција влече импресии позади себе и својот објектив особено кога се среќаваме со фотографиите кои се дел од горе-споменатата серија.
Симетричниот стил кој е употребен за да се запази шармот на библиотеките од целиот свет кои се дел од оваа серија фотографии е евидентен преку очигледните архитектонски детали на овие простори, каде што несаканата околност дека библиотеките и-не-се-особено омилени места на луѓето прави истите да останат зачувани и недопрени од времето. Визуелна привлечност застапена во Париз, Рим; па дури и Бостон – тоа се местата кои што Franck Bohbot ги вклучува во својата серија. Задржете го здивот и за момент замислите дека ваква библиотека може да се најде и во Скопје… па, со радо срце да го поканиме Bohbot да ја овековечи во рамка!