Како што се намалуваат температурите, станува потешко да се негуваме бидејќи на лицето и на телото им е потребна дополнителна нега. Затоа, одвојте неколку минути во денот и применете ги овие златни совети за убавина во зима. Постојат неколку проблеми што се појавуваат во ладните денови и што штетно влијаат на кожата и косата. Решенијата следуваат во продолжение.
Испукани усни
Не само што знаат да бидат болни, испуканите усни делуваат и многу непривлечно, дури и ако сте совршено нашминкани и дотерани. Прв чекор за спречување на оваа појава е да користите лабело или вазелин наместо обичен кармин. Пожелно е лабелото да содржи шеа путер или сончогледово масло. Дополнително правете пилинг на усните од мед и шеќер.
Сува кожа
Лошите временски услови и топлинските уреди кога сме внатре дополнително ја сушат кожата, а често се појавуваат и иритации и црвенила на лицето. Поради тоа, потребно е да употребувате екстра хидратантен крем кој содржи хијалуронска киселина и липиди кои ѝ овозможуваат влажностна кожата. Пожелно е и да правите пилинг за да ги остраните мртвите клетки.
Суви дланки
Велат дека дланките ги оддаваат годините на една дама. Затоа не смеете да ги запоставите. Носете ракавици кога излегувате од дома, а после секое миење на рацете со сапун, нанесете крем. За нежни и негувани дланки, ставајте крем секоја вечер пред спиење.
Наелектризирана коса
Проблем кој настанува како последица на зголемена сувост на косата поради ниските температури и поради носењето на капа. Во зима, мијте ја косата поретко отколку во лето и избегнувајте производи кои содржат алкохол. Чешелот со метална рачка заменете го со чешел со дрвена рачка.
Сува и безживотна коса
За да избегнете ваков изглед користете хидратантен шампон и задолжително нанесете квалитетен регенератор по миењето. Можете да користите и сув шампон на корените, кога немате време за фенирање.