Bel Ami
Режија: Declan Donnellan & Nick Ormerod
Според новелата на: Guy de Maupassant
Сценарио: Rachel Bennette
Улоги: *Robert Pattinson (Georges Duroy)
*Uma Thurman (Madeleine Forestier)
*Kristin Scott Thomas (Virginie Rousset)
*Christina Ricci (Clotilde de Marelle)
*Colm Meaney (Monsieur Rousset)
Постојаната потрага по слободата и вечниот немир се во с’ржта на француската историја. Можеби затоа француското општество е често претставено во класистичките дела како превртливо, незрело и себично.
Според новелата на Guy de Maupassant, на големото платно се долови една неконвенкцијална приказна меѓу строго детермираните конвенцијални општествени сталежи.
Што се случува кога еден сиромашен заводник паѓа во очите на три благороднички од високите кругови?
Преплет на лажни бракови и многу, многу љубовници. Моралот кај „најморалните“ паѓа толку ниско, што на моменти ќе Ви стане одвратна лекомисленоста и глупавоста на вљубените.
Жените иако не се поканети на партија покер, тие управуваат со општеството.
Но, кој управува со вљубените жени, ако не нивниот љубовник?
Тешките животни услови на младиот амбициозен Жорж го доведуваат до незамисливи планови за успех. Немајќи никаков општествено-корисен талент, тој се впушта во расипувањето на бракови од високите кругови, единствено со цел да добие добра работна позиција и углед. На прекрасната Madeleine и нуди брак пред мртвото тело на нејзиниот сопруг. Користејќи го нејзиниот талент, се обидува да ја падне француската влада од власт.
Најголемиот шок доаѓа на крајот од приказната, кога се жени со ќерката на неговата поранешна љубовница.
Филм кој мора да го погледнете уште овој викенд!