Марсала неодамна и официјално беше прогласена за боја на 2015 година според изборот на Pantone. Доколку не знаете за која точно боја станува збор, потсетете се на италијанското десертно вино со темно црвена боја, по чие име и го добила називот оваа хит нијанса.
Во ентериерот можете да ја користите во помали, но и поголеми количини, зависно од просторот и вкусот кој го негувате. Убава идеја е да внесете перници, килим, завеси, прекривки или мебел во оваа опојна нијанса.
Притоа, внимавајте како и каде ја применувате во домот – премногу е јака и не се препорачува претерана употреба во една иста соба. Марсала одлично прилега и доаѓа до полн израз во комбинација со повеќе други бои, како што се крем, црна, жолта, сива и бела.
Бидејќи станува збор за прилагодлива боја, со неа можете да постигнете различен амбиент во домот: од готички па се’ до модерен и разигран. Погледнете неколку добри идеи во продолжение и инспирирајте се!