На само неколку дена до Нова Година и Божиќ, ја заокружуваме прекрасната празнична инспирација за домот, со која во студениот декември пријатно не изненади американскиот бренд Crate & Barrel. По 30-те инспиративни примери кои ви ги прикажавме во првиот дел, ви претставуваме уште повеќе креативни идеи за внесување на зимската идила во ентериерот, потсетувајќи дека најдобар начин да ја оживеете славеничката атмосфера е да заборавите на се’ што е лошо, а да се фокусирате на она што е навистина важно во пресрет на новогодишните и божиќните празници. За таа намена, обвиткајте го секое катче во пригодно новогодишно руво и подгответе ја празничната трпеза за весели прослави со најблиските, создавајќи минијатурен фестивал на радоста во домот. Во продолжение, погледнете дел од прекрасните предлози – секој од нив зрачи со среќа, оптимизам и љубов за испраќање на старата, и дочек на новата година во домот. Издвоивме слатки идеи за украсување на елката, каминот, трпезата, дневниот престој, но и за празничното мени и кујната, спакувани во навистина неодоливо издание за домот. Што повеќе е потребно за совршени празници? Препуштете се на празничната магија и уживајте во вашиот избор.