Останаа уште многу малку денови од старата година. Веројатно веќе сте направиле план каде ќе прославите на 31ви. Откако сте одлучиле каде, на ред доаѓа што ќе носите и како ќе изгледате. Нова година и Божиќ обично ги поврзуваме со 4 бои: зелена, црвена, златна и бела. Ние решивме да ви претставиме 4 најдобри туторијали со 4 различни празнични изгледи. Црвениот кармин е одличен избор за прослава, но овојпат пробајте нешто друго. Нагласете ги очите со златна сенка, или одберете посмирен гламурозен изглед во виолетови нијанси.
Погледнете ги видеата, одберете си како ќе се нашминкате и блескајте овие празници!