Црвената и сивата се класична комбинација на бои, кои не само што добро изгледаат заедно, туку се совршен избор за празничен декор во домот. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, овој тандем ќе внесе пријатна и позитивна атмосфера во секое катче од ентериерот. Сивата е смирена и зимска боја, додека црвената е топла и на деликатен начин го загрева просторот. За таа намена, можете да се обидете му дадете пригодна славеничка нота со црвени и сиви божиќни украси, сива плетена ткаенина, прекривачи и перници, а празничната трпеза да ја нагласите со детали во интензивна црвена боја, или, пак, да го разиграте ентериерот со акцентни украси како новогодишни венци, лампиони, свеќници и слични декоративни елементи. Во продолжение погледнете неколку прекрасни предлози кои шармираат со контрастниот спој на црвената и сивата боја. Инспирирајте се од нашиот избор и одберете ја омилената празнична тема за вашиот животен простор.